По добивање и анализа на материјалите за седница од Судски совет министерот за правда Кренар Лога констатирал дека се присутни сериозни наводи за нарушен интегритет на судија.
– Јас како министер нема да дозволам во работни тела кои се во состав на министерството да членуваат лица за кои постојат сериозни индиции за нарушен интегритет. Имајќи предвид дека претседателот на Основен суд Кавадарци е член и претседател на Советот на ИКТ, поради сериозната на наводите кои уптатуваат на можни злоупотреби кои се поткрепени и со писмен и наводи, се до утврдување на целосната фактична состојба, ја информирам јавноста дека тој е ослободен од должноста член и претседател на овој Совет – рече Лога.
Претседател на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во праводуството беше судијата Лазар Нанев од Основен суд Кавадарци.
– Поради воочени пропусти во работата на ова тело иницирав постапка за воведување на нов правилник за начинот на избор на составот на ова тело – додаде министерот за правда, Кренар Лога.