Мицкоски: Од оваа влада не очекувам разрешница за аферата „Диво месо“ на Онкологија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека со оваа влада на СДСM и ДУИ не може да се очекува правна разрешница за аферата „Диво место“ во Онкологија, но како што посочи дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера виновниците да ги изнесе пред лицето на правдата.

– Со оваа влада не очекувам, бидејќи многу факти беа кажани, многу докази беа изнесени на работата на Анкетната комисија во рамки на Собранието. Најмалку што требаше обвинителството да ги повика да дадат исказ по допрен глас, но како што може да видите тоа не се случува, изјави Мицкоски.

Мицкоски изрази жалење што ни тоа обвинителството не го направи и посочи дека навистина се очекуваше повеќе човечност од страна на владата на СДС и ДУИ и органите на истрагата.

– Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера сериозно да се пресмета со оваа Канцер мафија и сите виновници да ги изведе пред лицето на правдата, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Мицкоски: Денес се одбележува споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа!

А1он