ВИДЕО: Убиени четири деца на снимателот на агенцијата Анадолија при израелското бомбардирање на Газа

Од:

Четири деца и тројца браќа и сестри на снимателот на агенцијата Анадолија, Мухамед Алалул беа убиени во израелски воздушен напад врз Газа доцна во саботата.

Во нападот се повредени сопругата, мајката, таткото и второто дете на Алалул, снимателот на Анадолија.

Куќата на Алаул беше целосно уништена по израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп Ал-Магази во центарот на Газа. Сопругата на Алаул е во тешка состојба и е примена на интензивна нега.

Алалул, по пристигнувањето на местото на урнатините на неговиот дом, рече дека бил на работа во Кан Јунис и дека откако дознал за нападот на кампот Ал-Магази, претчувствувал дека неговата куќа е погодена.

„Претходниот ден бев со семејството, со моите деца. Ми рекоа да ја напуштам работата и да поминувам повеќе време со нив. Еден дури ми рече да го однесам на работа за да бидеме заедно“, рече Алаул.

Тој рече дека неговите деца биле убиени додека спиеле.

Ова беше бегалски камп, децата ги убија додека спиеја, моите деца. Израел бомбардира сè, сè по ред“, изјави снимателот Алаул.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски