Израелската армија се повлече во саботата од областите до кои стигна во Појасот Газа поради жестоките борби со палестинските борци во кои десетици израелски војници беа убиени или ранети.
Повлекувањето доаѓа откако Израел напредуваше во појасот Газа во последните денови од неколку правци.
Израелските воени авиони, артилерија и воени бродови ги интензивираа нападите врз градот Газа и северниот дел на Газа. Од друга страна, вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, соопшти дека нападнало израелски војници, воени возила и тенкови, особено во северната област на градот Газа.
На северната страна на Газа, израелските сили се повлекоа откако беа стационирани во областа Ал-Макуси во северниот дел на градот Газа и во северната област на бегалскиот камп Ал Шати, северозападно од градот Газа.
Израелските сили се вратија на север кон областа Ал-Амрикија, северозападно од Беит Лахија, што значи дека армијата се повлече 2 километри до позицијата во областа до која стигна на првиот ден од копнената операција на 27 октомври.
🚨WATCH: A Hamas fighter fired a RPG on an Israeli army's Armored Protected Vehicle.#IDF #Israel #Hamas #Gaza #Hezbollah #Iran #US pic.twitter.com/hlTRLOU4M3
— The Geopolitical Index 🌍 (@Geopolitic_Info) November 5, 2023
Местото каде што израелските сили се повлекоа е земјоделско подрачје далеку од станбени и населени места. Многумина забележаа дека израелската војска реагираше значително полошо на судирот со борците на Хамас во урбаните средини отколку што се очекуваше.
Хамас објави видео од жестоки борби во Газа, погодени се неколку оклопни возила
Портпаролот на бригадата Ал-Касам, Абу Обеида, во снимена порака рече дека борците на Хамас се борат против израелските сили во Беит Ханун на северот на Појасот Газа, на северозападот од градот Газа и во југоисточната област на градот Газа во Ал Зајтон и населбите Тал ал-Хава.
„Нашите муџахедини уништија 24 израелски воени возила во изминатите два дена“, рече Абу Обеида.
Израелската армија во саботата соопшти дека изгубила 345 војници од почетокот на борбите во Појасот Газа на 7 октомври.
Портпаролот Даниел Хагари на прес-конференција изјави дека четворица војници се убиени во Газа, со што бројот на загинати се искачи на 345.