Вулин поднесе оставка од местото директор на БИА: „САД и ЕУ ја бараат мојата глава“

Од:

Директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија, Александар Вулин, поднесе оставка од функцијата, потврди тој преку соопштение за јавноста.

„САД и ЕУ ја бараат мојата глава како предуслов за невоведување санкции кон Србија. Не ги предизвикав уцените и притисоците кон Србија и српскиот свет, но нема да дозволам да бидам причина за уцени и притисоци. Затоа поднесувам неотповиклива оставка од местото директор на БИА“, пишува Вулин.

„Претседателот Александар Вучиќ и Србија се соочуваат со закани и уцени кои можат да се споредат само со австроунгарскиот ултиматум од 1914 година. Од нас се бара да го признаеме Косово, да ја напуштиме Република Српска и да престанеме да бидеме суверена земја и нација со воведување санкции кон Руската Федерација. Доколку се согласиме на тоа, следното барање би било протерување на кинеските инвестиции, безусловна технолошка и економска зависност од Западот, како и продолжување на политичката и територијална дезинтеграција на Србија и прифаќање на западните вредности во кои нема место за традиционалното семејство и нација, а на крајот и за социјалната правда“, објави Вулин.

Вулин од јули 2023 година е на „црната листа“ на САД. Тогаш, американското Министерство за финансии соопшти дека Вулин, „е вмешан во транснационален организиран криминал, нелегални операции со наркотици и злоупотреба на јавна функција“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени