Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Од:

Имајќи го предвид предлогот на Јавното обвинителство и измените на Кривичниот законик, Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска ја запре кривичната постапка за случајот „Траекторија“.

– Имајќи го предвид предлогот на ЈО и измените на КЗ, Судот донесе решение, се запира кривичната постапка против обвинетите Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски за „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и обвинителниот предлог против Никола Груевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, рече претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков.

Ова решение следува по предлогот на ЈО, кој, пак, следува по измените во Кривичниот законик, а трошоците на постапката, согласно денешното решение, паѓаат на товар на државата.

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште побара обвинението против обвинетиот Никола Груевски да биде повлечено поради настапување на апсолутна застареност, а постапката за другите тројца обвинети да запре поради измените во КЗ.

Случајот се однесуваше за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид познатата како „Траекторија“. Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Би можело да ве интересира

Судењето за „Траекторија“ одложено до назначување на нов судија

Нови рочишта за „ТНТ“ и „Траекторија“

Ана Ололовска

На Груевски и понатаму ќе му се суди за „Траекторија“

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Монструм“ и „Траекторија“

Ана Ололовска

Судење за „Траекторија“: Вешто лице тврди дека се направени некои грешки во вештачењето

Ана Ололовска

Продолжува судењето за „Траекторија“

Ана Ололовска