Дизајнерското студио „Beau & Bien“, кои се нарекуваат „вајари на осветлувањето“, изработија интелегентно, тренди и функционално Дрво на светлината. Тоа е ергономско, корисно и над се, изгледа естетски добро.
Осветлувањето на „Beau & Bien“ го модернизира поимот клупа каква што обично може да се најде во јавните паркови ширум светот. Во исто време овој специфичен дизајн ја применува идејата за клупа во поудобен контекст.
Дрвото на светлината е многу повеќе од осветлување, служи и како место под ладовина и како клупа, што го прави совршено место за разговор на тераса, или покрај базен.