ВМРО-ДПМНЕ: Дали МВР и ОЈО се обидуваат да спроведат операција „кабелот е крив“ и на Онкологија?

Од:

Анкетната Комисија во собранието на виделина ги извади сите аспекти на грозоморниот скандал со клиниката за Онкологија. На оваа клиника најтешките пациенти се соочувале со хорор, недостаток на термини, недостаток на терапија, продажба на терапијата на црно, злоупотреби и низа на пропусти кои ги нотирале дури и ревизорските извештаи. Овие проблеми траеле со месеци па дури и две години наназад и за истото беше говорено во јавноста, но надлежните институции ништо не преземале туку дозволувале некој на грбот на најтешко болните да прави бизнис, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем ако видиме како пред Анкетната комисија во Собранието дрско и индолентно одговараа поранешниот директор и поранешниот министер Филипче за овој скандал, тогаш се добива целосната слика како овие кадри се интересирале и што преземале за целиот случај. Скандалот на Онкологија е најгрозоморниот и најмонструозниот скандал кој се случил во Македонија. До ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа мноштво нови сведоштва, сознанија и документи кои најавуваат дека овој епски скандал се случувал и во текот на 2023 година, односно со месеци и години откако јавноста била алармирана, што го прави уште помонструозен. МВР и Обвинителството со месеци молчеле и дозволиле десетици и стотици пациенти да бидат жртви. Всушност овие институции и веќе два месеци молчат, откако направија увид во клиниката, и после два месеци нема никаква реакција ниту поднесок. Веројатно во органите на прогонот во тек е операција „продолжниот кабел е виновен“ и за овој случај на Онкологија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

Сведок од ФЗО: Поради зголемен број пациенти се бараа повеќе пари за онколошка терапија

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари