Левица: Власта ќе уништува плодно земјиште за приватни фотоцентрали

Од:

Владата на СДС и ДУИ, следејќи ја неолибералната агенда и корпоративниот странски интерес, решила по секоја цена да го уништи домашното земјоделското производство велат од Левица.

– Во процедура се измени на Законот за земјоделското земјиште, на предлог на министерот Љупчо Николовски, со кои се предвидува на плодно земјиште, странските приватни корпорации да градат соларни електрани и произведуваат електрична енергија, која потоа ќе ја продаваат по берзански цени! Ваквите измени се катастрофални, затоа што плодната земја како лимитиран ресурс не смее да се оттуѓува за приватни интереси! Власта на СДС и ДУИ, откако го распродаде најважниот енергетски ресурс, Чебрен, сега ќе ја распродава и плодната земја – со што државата дополнително ќе стане зависна за храна и енергија од приватни корпорации. Левица, следејќи ја својата идеолошка линија, со години предупредува на дивеењето на крупниот капитал во овој сектор и цврсто се држи до тезата дека производството на електрична енергија треба да биде од домашни енергетски компании во државна сопственост. Истото не смее во никој случај да влијае негативно на производството на земјоделски производи, односно, земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс треба да служи само и единствено за производство на храна, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот