Тодор Анѓушев на конференција на „Марес“: Потребни се брзи законски измени за да може вишокот електрична енергија да се складира во батерии

Од:

Надлежните државни институции во што е можно побрз временски период да ги завршат потребните законски и подазконски измени со кои ќе се дефинираат батериските системи како енергетски објекти, за истите да можат да се поставуваат, да се користат за складирање на вишокот електрична енергија и да се даде сигурност на инвеститорите да ги реализираат своите проекти.

Ова го порача Тодор Анѓушев, извршен директор на компанијата ЕМС (Energy Maintenance Solutions), која е членка на групацијата Феро Инвест, говорејќи како панелист на првата меѓународна конференција во организација на новата Македонската асоцијација за обновливи извори – МАРЕС.

Тодор Анѓушев посочи дека иако батериските системи не се целосно еколошки, тие се многу потребни во случај кога има голем број на изградени фотоволтаици, како што е ситуацијата и во Македонија.

Во своето излагање тој посочи дека групацијата Феро Инвест е лидер во обновливите извори на енергија во нашата земја, со над 15 години искуство во областа, а во своето портфолио има мали хидро електрани, фотонапонски централи, една биогасна електрана и трафостаници. Тој додаде дека Феро инвест нуди услуги по принцип „клуч на рака“ за обновливи извори и за други инвеститори, преку правна помош и поддршка, изработка на физибилити студии, проектирање, изградба и пуштање во употреба, па се до следење на работата на електраните и нивно одржување.

Анѓушев нагласи дека многу е важно да се реализираат проектите за обновливи извори кои се предвидени во Стратегијата за развој на енергетиката и тоа да се случува на начин како што е предвидено во стратегијата, за да развојот на енергетскиот сектор биде контролабилен и соодветен на нашиот електро-енергетски систем и притоа инвестициите да бидат исплатливи на среден и долг рок.

Анѓушев упати честитки за формирањето на оваа асоцијација и изрази надеж дека истата ќе биде важен чинител во општеството која ќе помогне да се стимулираат нови инвестиции во обновливи извори на енергија, кои се иднина на енергетиката во Република Северна Македонија.

ПР текст

Би можело да ве интересира

ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: Развиваме енергетски решенија за по 5 години

Горан Наумовски

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

(ВИДЕО) Феро Инвест изгради фотонапонска електрана на покривот на „Веро Центар“

Горан Наумовски

Фероинвест прдолжува со изградба на фотонапонски електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен

ФЕРО ИНВЕСТ почна со изведба на батериски системи за домаќинства, до 98 отсто помали сметки за струја

Феро Инвест/Централ Инвест и БРАКО се вклучија во чистење на велешкото езеро Младост – цистерните на Биогасната електрана Биоентерпрајз за еден ден извлекоа 60 тони од штетната материја од езерската површина