Египет, Израел и Хамас со посредство на Катар и во координација со САД постигнаа договор за евакуација.
Постигнат е договор да им се дозволи на странските државјани и на некои сериозно повредени цивили во Појасот Газа да ја напуштат областа, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор.
Foreigners and Dual Nationals Await at Rafah Border Crossing Between Gaza and Egypt#RafahCrossing | #Gaza | #Palestine | #نصر_الاتفاقpic.twitter.com/BTr9Q09Hrg
— WE News English (@WENewsEnglish) November 1, 2023
Агенцијата додава дека нема временска рамка до кога ќе биде отворен преминот Рафа, на границата со Египет.
Околу 80 амбулантни возила од Египет пристигнаа денеска на преминот Рафа на границата со Појасот Газа, со цел да ги примат повредените Палестинци, јавува Си-Ен-Ен.
Пациентите ќе бидат првите Палестинци на кои ќе им биде дозволено да го напуштат Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври.
Палестинската милитантна група Хамас претходно денеска објави список на луѓе на кои им е дозволено да го напуштат Појасот Газа преку преминот Рафах.
Списокот што го објави Палестинската гранична управа на Фејсбук, вклучува државјани на Австралија, Австрија, Бугарија, Индонезија, Јордан, Финска, Чешка и Јапонија.