Вооружените сили на Египет денеска стационираа тенкови и оклопни возила во близина на преминот Рафа на границата со Појасот Газа. На теренот има десетици возила.
Египет стравува од приливот на десетици илјади палестински бегалци поради израелскиот напад на Појасот Газа и досега ја држеше претежно затворена граница, дозволувајќи им да минуваат само камиони со хуманитарна помош.
Опциите на Египет се ограничени со договорот од 1979 година со Израел во врска со бројот на сили што може да ги стационира на Синајскиот Полуостров, иако Израел понекогаш дозволува прекршување на тие граници кога Египет се бори против исламистичките бунтовници во областа.