Велика Британија се обидува да организира хуманитарна пауза во Газа

Од:

Велика Британија се обидува да договори привремен прекин на непријателствата во Појасот Газа за да може да се достави повеќе хуманитарна помош до опколените Палестинци, соопшти Форин Офисот.

Испораките на помош за Газа беа прекинати поради израелското бомбардирање на енклавата како одговор на масакрот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври. Шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли, рече дека помошта за Газа тече и мора значително да се зголеми.

„Интензивно работиме со Египќаните, Израелците и другите за да организираме привремена хуманитарна пауза за испорака на помош до луѓето на кои им е потребна“, рече Клеверли во резиденцијата на британскиот амбасадор во Абу Даби.

Тој не повика на целосен прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Би можело да ве интересира

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Нетанјаху: Договор засега не е постигнат

Најмалку 13 лица, меѓу кои две деца, загинаа во израелските напади врз Газа