ОН: Стотици пациенти заглавени во болниците во Газа, не можат да одат никаде

Од:

ОН велат дека стотици пациенти се заглавени во болниците во Газа и не можат да бидат преместени. Стотици пациенти се заглавени во болниците во северна Газа и физички е невозможно да се евакуираат кон југ, изјави шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци во областа.

Том Вајт од УНРВА го повтори она што го рекоа лекарите и другите добротворни организации – дека е невозможно да се преселат пациентите од болниците како Ал-Кудс во северна Газа. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека Израел им рекол да ја евакуираат болницата вчера, бидејќи воздушните напади одекнувале во близина.

„Многу луѓе на север бараат засолниште во училиштата на УНРВА, бараат засолниште во болниците“, рече Вајт, додавајќи: „Бев во една од болниците оваа недела, има стотици и стотици пациенти кои не можат да се движат“.

Тој рече дека многу луѓе на север – не само пациенти – исто така „не можат да се движат наоколу бидејќи физички немаат транспорт, немаат средства“.

– Луѓето се многу гладни, многу жедни и многу исплашени, а многумина живеат од парчиња леб и конзервирана храна што повремено успеваме да ja набавиме рече Вајт.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа