(ВИДЕО) Илјадници луѓе упаднаа во магацините со помош во Газа: Земале „основни предмети за преживување“

Од:

Илјадници луѓе упаднаа во неколку магацини и дистрибутивни центри на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа (UNRWA) во централните и јужните области на Појасот Газа, земајќи пченично брашно и други „основни предмети за преживување“, соопшти организацијата. Во еден од магацините, во Деир ал Балах, УНРВА складира залихи од хуманитарни конвои кои доаѓаат од Египет, се вели во соопштението на УНРВА.

„Ова е загрижувачки знак дека граѓанскиот поредок почнува да се урива по три недели војна и цврста опсада на Газа. Луѓето се исплашени, фрустрирани и очајни. Тензијата и стравот се влошуваат со прекинот на телефонските и интернет комуникациските линии. Тие се чувствуваат оставени сами да се грижат, отсечени од нивните семејства во Газа и остатокот од светот“, рече Томас Вајт, директор на операциите на УНРВА во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан