Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен рече дека Израел ги отповикал дипломатските претставници од Турција поради „страшните изјави“ слушнати во Анкара.
„Со оглед на ужасните изјави од Турција, наредив враќање на дипломатските претставници од Анкара, со цел да се преоценат односите меѓу Израел и Турција“, рече Коен на платформата Х (Твитер).
Ројтерс пренесува дека тој не навел повеќе детали.
Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го критикуваше Израел нарекувајќи го окупатор, додека Хамас не е терористичка организација.
Во бројните критики на големиот митинг за поддршка на палестинскиот народ во Истанбул, Ердоган го обвини Израел за воени злосторства.