ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Од:

Локалната самоуправа има тројно поголема доверба меѓу граѓаните, за разлика од власта на ДУИ и СДС.

Тоа најмногу ги боли Кузеска, СДС и Ковачевски. Граѓаните може да увидат разлика помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и централната власт. На локално ниво и покрај сите опструкции од владата, и покрај задолжените општини секој ден се реализираат проекти за разлика од министерствата кои ништо не направија за доброто на граѓаните.

Впрочем сето тоа се отсликува и на довербата кон партиите. СДС поради катастрофалното владеење стана трета партија во Македонија. Придонес во ова имаат не само корупцијата, криминалот и неспособноста на функционерите на СДС, туку и фактот што локалните самоуправи раководени од СДС се ниту имаат проекти, ниту имаат отчет за својата работа.

Колку зборовите на Кузеска и на СДС вредат најдобро може да се измери на избори. Нека не се плашат како ѓавол од темјан и нека излезат на соочување со народот, па таму ќе се види кој колку сработил и кој колкава доверба има меѓу граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување