Хамас е подготвен да ослободи цивилни заложници под услов да бидат ослободени и 6.000 Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, а пренесува Скај њуз.
Хосеин Амирабдолахиан на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк рече дека Иран е подготвен да ја одигра својата улога во овој многу важен хуманитарен потфат, заедно со Катар и Турција.
Тој додаде дека светот треба да го поддржи ослободувањето на палестинските затвореници.
Израелската армија соопшти дека милитантите на Хамас држат 229 заложници во Газа, а четворица досега се ослободени.