Истра синоќа ја зафати силен дожд пропратен со ветер, а изразена плима може да се забележи и долж истарскиот брег.
Од хрватскиот Хидрометеролоѓки задов предупредија дека токму поради споменатите временски услови може да има локални поплави и порои, кои за денеска објавија високо портокалово ниво на предупредување за целиот северен Јадран.
Утрово на брегот во Ровињ имаше излевање на морето, односно поплава во центарот на градот.
Морето се излеа и во ровинскиот залив Валдибор каде има голем паркинг, па ровињската комунална служба упати предупредување до граѓаните да се грижат за возилата.
Поплавени се бреговите Фажана, Пореч и Умаш и брегот Врсар, како и Новиградскиот Антенал кој е целосно затворен, а поради временските услови на патот Антенал-Новиград полицијата ги насочува возачите да го користат истарскиот ипсилон. Во Умаг морето поплави и ресторан.
Времето постепено ќе се смири во втората половина од денов кога се можни и сончеви периоди, особено на запад од Истра, пишува Истрамет.
Викендот, пак, носи релативно поволно време, но сепак со можност за локална нестабилност, особено на планините. Ќе се задржи натпросечно топло време.