Претставник на Хамас во Москва, наводно, рекол дека израелските заложници кои се држат во Газа не можат да бидат ослободени додека не се договори прекин на огнот, пишува рускиот весник Комерсант.
Весникот го цитираше Абу Хамид, член на делегацијата на Хамас кој ја посети руската престолнина, дека на групата и треба време да ги пронајде киднапираните на 7 октомври.
Русија има врски со сите клучни играчи на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Израел, Иран, палестинската управа и Хамас. Москва постојано го обвинуваше неуспехот на американската дипломатија за конфликтот.