Федералните агенти на ФБИ, АТФ и американското Министерство за внатрешни работи денеска се вклучија во потрагата по осомничениот напаѓач, кој уби најмалку 16 лица во престрелка во Левистон, Мејн.
ФБИ испрати десетици агенти и друг персонал за да им помогнат на локалните и органите на редот во Мејн, јавува Си-Ен-Ен.
На терен, меѓу другото, се специјалци, тимови кои собираат докази и експерти кои им помагаат на жртвите.
Стотици полицајци сè уште го пребаруваат Левистон и околните области во Мејн, а на жителите во неколку градови им е кажано да останат безбедни и да ги држат своите врати заклучени.
Полицијата го идентификуваше осомничениот за пукањето како Роберт Р. Карда (40), откако претходно на Фејсбук објави фотографии од маж кој држи нешто налик на полуавтоматска пушка.