Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Од:

Професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ бараат од антикорупциската комисија пријавата против ректорката, Биљана Ангелова да биде приоритет.

Професорите во писмо до медиумите велат дека поминаа повеќе од дваесет дена од поднесувањето на Пријавата за прекршување на Законот од страна на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова до Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Сето она што го наведовме во Пријавата, за нас укажува дека лицето Ангелова не само што со години го прекршува Законот, туку и личниот интерес и интересот на бизнисот го има поставено над интересот на Универзитетот. Дури и натаму перманентно се случува урнисување на УКИМ заради личните бизнис интереси на Ангелова, за нас надеж дава јавно објавената информација дека Комисијата постапува по пријавата. Затоа, и јавно апелираме до Државната комисија за спречување на корупцијата овој предмет да има приоритет, бидејќи станува збор за работењето и интегритетот на најстариот универзитет во земјава. Истовремено, апелираме до Комисијата да не подлегнува на обидите за притисок од лицето Ангелова, за кои сведочи и злоупотребата на името на УКИМ за негирање на фактите и јавно достапните информации и за своите одлуки да ја извести јавноста преку јавно соопштение или прес-конференција. Апелираме и до сите други надлежни институции да соработуваат со Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со овој предмет и за сите наводи да постапат во рамките на своите надлежности, за да се заштити Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“, се вели во писмото.

Се додава дека Ангелова, од позиција на проректор и сега ректор на Универзитетот вршела и врши настава и на приватни т.н. академии, па уште еднаш јавно прашуваат: „Дали за Ангелова бизнисот со приватни академии е поважен од државниот УКИМ кој затоа тоне? Дали Ангелова свесно го урнисува УКИМ со фаворизирање на приватниот бизнис?“

Професорите велат и дека само два дена по нејзиниот избор за ректор на УКИМ, јавно, со реклама и видео-обраќање, Ангелова повикува на упис на приватнатната „Прогресив академија“. Притоа и лажно тврди дека таа е единствената академија на која се стекнуваат знаења кои се дел од првиот, вториот и третиот циклус студии на Економскиот факултет во Скопје, но и дел од наставата на Економскиот институт.

Само десет дена пред од функцијата проректор за финансии да премине на функцијата ректор, велат професорите, таа е и водечкото лице за повикување за упис на приватната т.н. академија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори