Во дел од болниците во Газа нема струја покажуваа видеа објавени на социјалните мрежи. Хамас уште вчера соопшти дека болниците останале без гориво. Лекарите и медицинскиот персонал се борат во невозможни услови со напливот на повредени во ситуација во која немаат ниту основи средства. Црвениот крст, Црвената полумесечина, Светската здравствена организација како и претставниците на хуманитарната програма за Газа на Обединетите нации постојано повикуваат на хуманитарни коридори и достава на помош за цивилите.
🇮🇱 Hospitals in Gaza have RUN OUT OF FUEL and are using their cell phones for light! pic.twitter.com/1VeiJYjDex
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) October 24, 2023
Паралелно со ова, израелските напади на Газа продолжуваат во контиуитет. Ноќеска, биле погодени 400 цели соопштија одбрамбените сили на Израел.
#Watch | Total destruction of the Nuseirat market in #Gaza after being bombed by occupation aircraft.#Gazabombing pic.twitter.com/huOAXF81BA
— Palestine Info Center (@palinfoen) October 24, 2023
Според информациите од Хамас, бројот на жртвите во Газа уште вчера надмина 5000.