Висок член на Иранската револуционерна гарда навести дека Иран ќе размисли да го нападне Израел доколку е потребно, јавуваат локалните медиуми.
Иран Интернешнл објави дека заменик-командантот Али Фадави рекол: „Некои веруваат дека директниот ракетен напад врз Хаифа е најпрактичниот начин на дејствување. Ќе ја извршиме оваа задача без двоумење доколку е потребно“.
„Сепак, не сум јас тој што може да нареди напад“, додаде тој.
Не е првпат Фадави да ја коментира војната во Израел.
Хаифа е пристанишен град на северот на Израел. Фадави зборуваше на собир на студенти во џамијата на Универзитетот во Техеран.
Ова не е првпат Фадави да го коментира конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Тој минатата недела рече дека Израел ќе се соочи со нов бран на фронт на отпорот доколку неговите злосторства во Газа не престанат.
Фронт на отпорот е термин кој често го користи Иран кој се однесува на вооружените групи во регионот со кој е поврзан.