Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Непал, соопшти Националниот сеизмолошки центар на таа земја.
Епицентарот на земјотресот бил во Дадинг, на околу 55 километри западно од Катманду, пренесува Ројтерс.
„Почувствувавме многу силни потреси. Некои жители брзо излегоа од своите домови. Засега нема извештаи за повредени“, рече Бадринат Гејре, висок функционер на областа Дадинг.
Според Медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 13 километри.