(ВИДЕО) Во израелски напад погодена најстарата православна црква во Газа: Мртви, повредени и затрупани

Од:

Десетици луѓе може да се заробени под урнатините на грчката православна црква Свети Порфириј во Појасот Газа, уништена од израелските бомбардирања, објави во денеска весникот „Нафтемборики“, повикувајќи се на извори од Газа.

Во извештајот се вели дека црквата била бомбардирана од Израел доцна во четвртокот.

„Според извори во околината, десетици Палестинци најверојатно загинале под урнатините на една од најстарите цркви во Газа. Поголемиот дел од убиените се парохијани, кои побарале засолниште од воздушните напади во историската зграда на црквата Свети Порфириј и се раселени лица од северните и јужните области на Газа“, пишува весникот.

„Тие [изворите] проценуваат дека околу 1.000 луѓе нашле засолниште во црквата, училиштето и другите објекти“, се вели во извештајот.

Архиепископот Тивериополски Алексиос од Ерусалимската патријаршија во ексклузивен коментар за грчката телевизија ЕРТ-1 изјави дека во моментот на нападот во зградата имало околу 400 луѓе.

Свети Порфириј е најголемата црква во Газа и третиот најстар христијански храм во целиот свет.

Пред една недела беше објавено дека целта била Црквата, што се покажало дека е лажно.

„Погодија канцеларии и влезот на манастирот. Испукаа проектил, а целата зграда се урна. Имаше многу христијани внатре. Многу од нив беа повредени, а некои загинаа“, рече надбискупот од црквата.

„Ќе ни требаат булдожери за да видиме колку луѓе се затрупани под урнатините“, додаде свештеникот.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Палестина соопшти дека во бомбардирањето на црквата Свети Порфириј во населбата Ал-Зајтон во јужна Газа загинаа две лица – едно девојче и една жена. Десетици луѓе се здобија со различни повреди. Зградата на црквата претрпе сериозни оштетувања, а уништена е и зграда до неа.

Движењето ХАМАС го опиша нападот како „уште едно злосторство на Израел против религиите и невините цивили“ и ја повика глобалната заедница да го осуди.

Ситуацијата на Блискиот Исток остро ескалира по упадот на милитантите на Хамас од Појасот Газа во Израел на 7 октомври. Хамас го смета нападот како одговор на израелските акции против џамијата Ал Акса на ридот на храмот во Ерусалим. Израел прогласи целосна опсада на Појасот Газа и почна да изведува напади врз таа област и делови од Либан и Сирија. Судири има и на Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ