Шефот на финската дипломатија во посета на Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Финска, Ерки Туомиоја денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, шефот на финската дипломатија ќе оствари средба со неговиот македонски колега Никола Попоски при што се очекува двајцата соговорници да разменат мислења за односите и соработката меѓу двете држави, за процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, како и за одделни регионални и мултилатерални прашања.

Средбата ќе биде искористена и за натамошно интензивирање на соработката меѓу  двете држави во насока на продолжување на финската поддршка за Македонија на патот кон ЕУ, при што се очекува министерот Попоски да ги повтори македонските стратешки позиции, како и реформските активности од ЕУ агендата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија