Охрид од утре до 21. септември ќе биде домаќин на петиот Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството „Балканмине 2013“.
Над 300 учесници, експерти од 14 земји ќе презентираат повеќе од 130 научни трудови, претставувајќи ги перспективите на рударството, како и примената на најновите технологии во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.
Во рамките на конгресот ќе биде организиран и мал саем на компании од областа на рударството присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион.
„Балканмине“ се одржува секои две години, а првпат беше организиран во Варна, Република Бугарија.
Главен покровител на „Балканмине 2013“ е АД „Електрани на Македонија“, а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери (ЗГРИМ) и Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“.