Левица: Хигиеничарки принудени да го мијат приватниот автомобил на директорката на ООУ „Лазо Ангеловски“

Од:

Не прекинуваат скандалите во ООУ ,,Лазо Ангеловски”, обвинуваат од партијата Левица.

„Откако општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски го сменија претходниот директор по низа скандали и на негово место ја донесоа новата директорка Магдалена Петреска, повторно стигнуваат информации за уште еден скандал.

До Левица пристигнаа поплаки дека директорката Магдалена Петреска ги понижува и омаловажува вработените во ООУ „Лазо Ангеловски“. Имено, оваа директорка го паркира својот автомобил пред училиштето и им наредува на вработените-хигиеничарки во школото за време на своите работни задачи и за време на своето работно време да земат кофи вода и четки и да го измијат нејзиниот приватен автомобил“, соопштија од Левица.

Според Закон за заштита од вознемирување на работно место:

„Забранет е кој било вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место.“ Вработените хигиеничарки немаат во своите работни задачи да го чистат и „полираат“ авомобилот на директорката!

Бараме од градоначалникот Муцунски целосно да го испита случајот и да спроведе соодветна постапка за да ги заштити вработените во училиштето!“ се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он