Левица: Трет случај на масовно прислушување за кој нема одговорност – демократијата се претвори во фарса

Од:

Вчера застаре еден од најскандалозните предмети, попознат како „Таргет-Тврдина”, кој се однесуваше на масовното незаконско прислушување и таканаречените „бомби“. Ова е директна последица на најновите измени на Кривичниот законик, кои власта ги шверцуваше во скратена постапка, без никаква јавна дебата. За еден од најголемите удари на демократијата, каде беа следени 4.286 телефонски броеви и прислушувани преку 20.000 граѓани, никој нема да одговара – благодарение на спрегата СДС-ДУИ-ДПМНЕ! Со оглед дека ова е трет случај на масовно прислушување каде нема одговорност, после случаите „Дувло” од 1992 година и „Големото уво” од 2000 година, јасно е дека демократијата во Македонија е фарса, а ваквите тоталитарни преседани стануваат пракса под владеењето на овие три истрошени партии, се вели во партиското соопштение од Левица.

Од партијата велат дека „додека делегетимираните СДС и ДУИ, преку предлагачот Викторија Аврамовска Мандиќ, убедуваа дека измените на Кривичниот законик нема да предизвикаат амнестија – само еден месец подоцна, застареа и две дела на актуелни пратеници на ДПМНЕ.

„Деновиве застаре делото „Моќник”, каде пратеникот Антонио Милошоски и уште 10 лица се ослободени за продажбата на објект во сопственост на општина Македонски брод. Вчера застаре и делото „Продуцент”, каде за склучување договор од 50.000 евра без тендер осомничени беа коалициониот партнер на ДПМНЕ, Љупчо Димовски и Ивона Талевска. Скандалозните измени на Кривичниот законик, каде ДПМНЕ правеше кворум, е кулминација во колективната амнестија на трите партии кои владеат неказнето, додека затворите се полнат со “криминалци” осудени за кражба на ќебапи. Дури и Пендаровски во интервју скандалозно призна дека измените на Кривичниот законик “само во еден дел биле шверцувани со европско знаме”?! Ваква колективна амнестија во минатото сведочевме пред самата промена на Уставот за нелегитимниот Преспански договор, па затоа прашуваме – дали измените на Кривичниот законик се дел од новото „преспанско сценарио” за Бугари во Устав? Јасно е дека со партии кои егзистираат врз криминална спрега и коруптивни мрежи – нема да има правда и не смее да има мир“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица