Во Антверпен запленети 7,7 тони кокаин

Од:

Во холандското пристаниште Антверпен, цариниците открија повеќе од 7,7 тони кокаин скриен во пратка со банани, чија улична вредност се проценува на 345 до 462 милиони евра, соопшти холандската полиција.

Дрогата е запленета во заедничка белгиско-холандска акција, кога царинските службеници ги информирале истражителите и обвинителите по откривањето на кокаинот, кои решиле да ја следат дрогата надвор од пристаништето.

Според извештаите, полицискиот тим го следел камионот со дрога до Блајсвајк на југот на Холандија, на патот меѓу Ротердам и Зутермер, каде го пресретнале камионот и го уапсиле 43-годишниот полски возач на камион и уште пет лица.

Тројца осомничени се идентификувани како холандски државјани на возраст од 41, 49 и 60 години и двајца како белгиски државјани на возраст од 21 и 48 години.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ

Во Порторико запленети 1.670 килограми кокаин вреден 33 милиони долари

Горан Наумовски

Кокаин вреден над 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани во Солун

Ураганот Деби „откри“ кокаин во вредност од над еден милион долари

Поранешен олимписки шампион заврши во затвор: Сакал да продаде тон кокаин, па „паднал“ заедно со Црногорец и Македонец

Горан Наумовски