Поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден, кој објави доверливи податоци на тајната американска служба, живее под надѕор на тајна локација во Русија, но може да патува инкогнито и очекува посети на членови на семејството, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
– Никој не знае каде е сместен. Тоа е сторено на негово барање, бидејќи сфаќаме дека нивото на опасност се уште е многу високо, рече Кучерена.
Како што пренесоа руски медиуми, адвокатот рекол и дека Сноуден има обезбедување, но не сакал да посочи дали тоа е надѕор на руските безбедносни сили.
На прашањето дали луѓето го препознаваат Сноуден, адвокатот одговори дека досега никој не го препознал.