Нападнат конвој Палестинци кои бегаа од Газа, меѓу 70 загинати има и деца

Од:

Би-Би-Си извести за напад врз конвој возила што се упатиле кон јужниот дел на Газа. Тие потврдија дека нападот се случил вчера на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ.

Патот вчера цел ден беше полн со сообраќај бидејќи жителите на северот на Газа ги послушаа израелските предупредувања да ја напуштат областа.

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува најмалку 12 мртви тела, главно жени и деца – од кои некои се чини дека се на возраст меѓу две и пет години. Позицијата на сенките на видеото сугерира дека е направено околу 17:30 часот по локално време, според Би-Би-Си.

Палестинците тврдат дека загинале 70 луѓе, Израел истражува.

Повеќето од нив се гледаат како лежат на грбот на камиони со рамно лежиште – други се расфрлани по патот. На видеата може да се видат и други оштетени возила.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 70 луѓе биле убиени на самото место и го обвинија Израел за нападот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека истражуваат, но и се правдаат дека нивните непријатели се обидуваат да ги спречат цивилите да го напуштат северот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан