Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Од:

Во Скопје утре од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку крстосници. Во тој период ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба во итна ситуација – земјотрес „Хуманитарен одговор 2023“ планирана за 18. месецов, во организација на Црвен Крст на РСМ, под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје.

Како што најави Министерството за внатрешни работи, утре од 9 до 14 часот затворени ќе бидат крстосниците: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од крстосница со ул.„Орце Николов“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“) и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

Главниот настан ќе се одржи на 18. месецов (среда) во периодот од 09.00 до 14.00 часот поради што затворени за сообраќај ќе бидат крстосници: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“), сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, најавува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија