Снимател на Ројтерс е убиен на границата меѓу Израел и Либан, неколку новинари повредени

Од:

Новинар на Ројтерс загина, а шест други новинари се повредени денеска во јужен Либан додека ја снимале размената на оган на израелско-либанската граница.

„Длабоко сме во тага откако дознавме дека нашиот снимател Исам Абдалах починал“, изјави портпаролот на Ројтерс. Агенцијата додава дека двајца новинари на Ројтерс, Тајер Ал Судани и Махер Назех се повредени.

Меѓу повредените има и новинари од Ал Џезира и АФП.

Ал Џезира потврди дека репортерката и нејзиниот снимател се меѓу повредените. Во гранатирањето се повредени и двајца новинари на француската новинска агенција АФП, изјави извор од агенцијата.

Инцидентот се случил во јужен Либан во близина на границата со Израел. Набргу по гранатирањето, Хезболах објави дека на израелските напади одговорил со директно и соодветно оружје, постигнувајќи точни удари.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот

Хамас: Ќе ги ослободиме сите заложници во замена за крајот на војната во Газа