„Почна да се пука, фрлаа гранати, беше многу лошо“: Кумановката Марица расплакана го раскажа стресот од војната

Од:

Деведесет македонски државјани кои со авион на „Ер Србија“ беа евакуирани од Израел, пристигнаа на аеродромот во Скопје.

Една од нив е и Марица Јаневска од Куманово која престојувала седум месеци во Израел во градот Аждот кој е еден од најизложените на воените дејствија затоа што се наоѓа на само 30 километри растојание од Газа. Јаневска расплакана раскажа што ги снашло во Израел.

– Престојувавме таму како туристи. Бевме сместени во градот Аждот кој е многу убаво место. Но, почна да се пука. Десетина гранати беа фрлени пред некој ден. Беше лошо, многу лошо. Останаа таму неколкумина Македонци а ние најголемиот дел си дојдовме во Македонија. Амбасадата навистина ни помогна многу. Многумина се вратија, не знам колку луѓе се точно останати – рече Марица Јаневска која е од Куманово.

Инаку, Владата вчера соопшти дека ги сноси сите трошоци за летот.

– Во услови на целосно откажани летови и блокиран авиопревоз со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет беше надминат со соработка со „Ер Србија“ за превоз на граѓаните кои побараа помош – се наведува во официјалното соопштение.

Би можело да ве интересира

Флин: Изгубена е војната во Украина

Ќе ги блокираме сите одлуки на ЕУ насочени кон ескалација на вооружениот конфликт во Украина, вели Сијарто

Трамп: Војната во Газа заврши, примирјето ќе опстане

Горан Наумовски

Менингем-Булер: Британија веќе е во војна со Русија

Дејвис: НАТО нема капацитет да го брани своето небо во војна со Русијa

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување