Хезболах најави приклучување во војната против Израел: Подготвени сме

Од:

Либанското движење Хезболах, поддржано од Иран, објави дека е подготвено да му се придружи на Хамас во војната против Израел, кога ќе дојде вистинскиот момент.

„Не сме целосно подготвени! Кога ќе дојде време за акција, ние ќе ја преземеме“, рече заменик-шефот на Хезболах Наим Касем на пропалестинскиот митинг во јужните предградија на Бејрут.

Хезболах ќе биде „на штрек“ за воените бродови испратени во Средоземното Море во близина на Израел. Американски бродови беа испратени таму за да ја одвратат либанската терористичка група да го нападне Израел додека земјата се бори против Хамас во Газа.

„Вашите воени бродови не не интересираат, ниту пак вашите изјави не плашат“, изјави заменик-шефот на терористичката организација Наим Касим на митинг во јужните предградија на Бејрут, Либан. Илјадници поддржувачи на Хезболах, веејќи либански, палестински и знамиња на Хезболах извикуваа слогани за поддршка на Газа и „Смрт за Израел“.

Експшертите се сомневаат дека иранскиот ракетен напад врз американската база на Блискиот исток сигурно ќе доведе до Трета светска војна, која ќе започне токму на Блискиот Исток. Проценка е дека во овој момент е тешко САД да се вклучат во војната во Израел, но доколку се развие сценарио дека Хезболах ќе се вклучи во конфликтот, ќе бидат вклучени сите шиитски милиции над кои Иран има контрола.

Според проценките Иран држи под контрола над 100.000 припадници на милитантни групи.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Околу 100 ракети истрелани од Либан погодија куќи и автомобили во Израел

Кац: Враќањето на заложниците е најважната цел на израелската операција во Појасот Газа

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас

Афиф: Хезболах не доби официјален предлог за прекин на огнот, има оружје за долга војна