Осуммина обвинети пред судот признаа дека копале на диво на археолошки локации

Од:

На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“ осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ​ги признаа делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднесе Обвинителен акт.

Според опишаните дејствија во диспозитивот на Обвинителниот акт, сите обвинети сториле кривично дело Злосторничко здружување, а првообвинетиот С.Џ. (47) врз основа на признание дека ги сторил и кривичните дела Прикривање, Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи е осуден на единствена казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци.

Четворицата обвинети М.С.(42), Г.К.(45),И.С.(48),и М.Џ.(37), освен кривичното дело Злосторничко здружување, признаа дека сториле и кривично дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости за што судот им изрече алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.

Д.Р.(36) кој беше обвинет и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, врз основа на признание на вина судот му изрече единствена казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци. Т.А.(58) покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, го призна и кривичното дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости за кои му е изречена единствена затворска казна од 3 години и 8 месеци.

Најмладиот Р.З.(28) призна дека е сторител на кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, за што му е изречена единствена затворска казна од 3 години и 2 месеци.

За останатите тројца обвинети судењето е во тек.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он