Хезболах: Подготвени сме за војна

Од:

Хезболах, поддржан од Иран, објави дека е „подготвен“ и дека ќе „придонесе“ во судирите против Израел. Имаше стравувања дека Хезболах може да се вклучи во војната – и покрај тоа што странските сили го предупредуваа да се држи настрана.

Истовремено, Израел собира војници и воена опрема на својата северна граница како подготовка за можен напад.

Хезболах, што значи „Божја партија“ на арапски, е основана во Либан во 1982 година за да се бори против инвазивните израелски сили. Таа отворено повикува на уништување на „ционистичкиот режим во Палестина“ и повеќето западни сили ја сметаат за терористичка организација. Хезболах и Израел водат војна во сенка од 2006 година – пред се во Сирија.

Хезболах загуби огромен број борци во Сирија. Неговите дејствија таму исто така беа крајно непопуларни во арапскиот свет, што му наштети на неговиот углед. Но Хезболах ја загуби поддршката во Либан, кој не може да си дозволи нова војна со Израел.

Повеќето Либанци се борат со последиците од длабоката економска криза – конфликтот што би го почнал Хезболах би имал многу мала поддршка. Сепак, ризикот од случајна ескалација или погрешно проценување е многу реален. Последната војна започна откако Хезболах започна прекуграничен напад при што загинаа осум израелски војници и киднапираа уште двајца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан