Пендаровски: Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг

Од:

„Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг се вели во реакцијата од претседателот Стево Пендаровски во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за рејтингот на претседателот.

– Имено и после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски. Во македонската политичка историја, претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите кои ги воделе. Ова беше случај и со Бранко Црвенковски и со Зоран Заев кај СДСМ, и со Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кај ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е единствениот исклучок затоа што има 50% понизок рејтинг од партијата која ја предводи. Впрочем, најпрецизен индикатор за личниот рејтинг на Мицкоски е последната анкета на фондацијата ИРИ, на која претседателот Пендаровски има најголема доверба, а Мицкоски не се наоѓа ниту меѓу првите петмината на листата“, се вели во соопштението од Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски