Стотици илјади цивили бегаат кон болнички комплекс

Од:

Турската новинска агенција Анадолија веќе известува дека стотици илјади луѓе почнале да се движат кон медицинскиот комплекс Ал Шифа во градот Газа, откако беше објавена веста за израелската наредба за евакуација. Цивилите во Газа се збунети и преплашени, стравувајќи дека нема да можат да го избегнат она што би било најголемото раселување во последните децении во малата енклава од само 365 квадратни километри. Околу 1,1 милион луѓе живеат во северниот дел на Појасот Газа, кој го опфаќа градот Газа и неговата околина.

Медицинскиот комплекс Ал Шифа е најголемиот во Газа, главниот центар на медицинската инфраструктура на градот Газа и често ги засолнувал цивилите во градот за време на напади или во време на криза. Илјадници веќе се засолниле таму, а болницата претрпела штета од блиските воздушни напади. Лекарот Гасан Абу-Ситах од болницата Шифа вчера изјави дека „тие се на точка на кршење. Има повредени во ходниците, а нема кревети. Погоден е блискиот бегалски камп, а капацитетите на сите болници се одамна надминати .

Би можело да ве интересира

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Неверојатна трагедија во Газа: Петмина загинаа од хуманитарен пакет кој падна врз нив

Предраг Петровиќ

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Познати детали за инцидентот во кој израелски војници ги убија заложниците: Вееја бели знамиња

Во израелски напад убиена Палестинката позната по тоа што рече: „Јас сум постара од Израел“.

Предраг Петровиќ

Израелците ги разлути изјавата на шпанскиот премиер Санчез, го обвинија за поддршка на тероризмот

Предраг Петровиќ