(ВИДЕО) Зеленски во НАТО: „Зимата ќе биде голем предизвик“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од седиштето на НАТО во Брисел поголема помош за воздушна одбрана, артилерија со долг дострел и муниција и се залагаше замрзнатите руски средства да се користат за обнова на Украина.

Зеленски денеска ненајавено пристигна во седиштето на НАТО, каде што почнува дводневниот состанок на министрите за одбрана на 31 земја-членка. Тоа е негова прва посета на НАТО од почетокот на руската агресија.

„Приоритетите се системи за противвоздушна одбрана и артилерија со долг дострел за да го одбраниме народот, енергетската мрежа, инфраструктурата за извоз на жито. Ова ни треба за да ја истераме Русија од нашата земја“, рече Зеленски.

Тој имаше билатерална средба со генералниот секретар Јенс Столтенберг во седиштето на НАТО. Тој попладне ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.

Зеленски рече дека е важно не само да се зборува за оружје, туку и за тоа како да се преживее за време на војната.

„Тоа значи реконструкција и некои велат дека нема доволно пари за обнова на Украина. Одговорот е многу краток: имате руски имот, можете да ги искористите тие пари и да ги искористите за обнова на Украина“, рече украинскиот претседател.

Генералниот секретар на НАТО ги поздрави најавите од Германија и Романија за нова помош во оружје за Украина.

Тој посочи дека противвоздушната одбрана е од клучно значење за „заштитата на градовите, економијата, критичната инфраструктура во Украина“.

Столтенберг, кој се сретна со Зеленски пред седиштето на Алијансата, рече дека рускиот претседател Владимир Путин повторно се подготвува да ја искористи зимата како оружје за војна.

„Ова значи напад на енергетскиот систем, гасната инфраструктура. Тоа мора да го спречиме“, изјави Столтенберг.

Минатиот викенд беа оштетени гасоводот и телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Финска и Естонија.

Столтенберг рече дека за тоа разговарал со финскиот претседател Саули Ниинисто и естонската премиерка Каја Калас, а за тоа ќе разговараат и министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

„Важно е да се утврди што се случило и како се случило. Ако се докаже дека ова е намерен напад на критичната инфраструктура на НАТО, тоа ќе биде сериозна работа, но ќе наиде на единствен и решителен одговор од НАТО“, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија