Масакр во Кибуцот Кфар Аза: „Бебиња, жени, стари луѓе, цели семејства брутално убиени“

Од:

Милитантите на Хамас извршиле масакр во Кибуцот Кфар Аз во јужен Израел во нападот за време на викендот, во кој беа „брутално убиени жени, деца, бебиња и постари лица“, изјави генерал-мајорот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Итаи Верув.

„Видовме бебиња, мајки, татковци во нивните спални соби, терористите брутално ги убиле“, рече Верув и додаде: „Тоа не е војна, не е бојно поле. Тоа е масакр“.

ИДФ соопшти дека не може да потврди колку точно луѓе се убиени таму и дека нема да навлегува во детали за тоа како биле убиени. „Свесни сме за грозоморните дела за кои е способен Хамас“, рекоа тие.

ИДФ реагираше на извештајот на новинската агенција i24 дека некои нејзини војници кои пристигнале во Кфар Аза откриле дека биле извршени страшни злосторства врз жртвите. Претходно денеска, израелски генерал го опиша за Си-Ен-Ен моментот кога армијата ги пронашла телата во Кибуцот Кфар Аз:

„Никогаш не сум видел вакво нешто во мојата кариера, никогаш во мојата 40-годишна служба не можев да го замислам ова“, рече тој.

Војниците му рекоа на меѓународниот уредник на Би-Би-Си, Џереми Боуен, дека Хамас упаднал во кибуцот, палејќи куќи и убивајќи семејства. Еден израелски офицер изјави дека некои од загинатите биле обезглавени.

До утрово борбите се уште се водеа во кибуцот. Затоа израелските војници дури сега ги собираат телата на убиените жители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел со проектили ја погоди главната болница во Газа

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан