Никој не се брза за предметите на Дамева: Ниту Управен закажува судење, ниту Обвинителството ја интензивира кривичната

Од:

Ни трага ни глас од кривичната пријава и тужбата кои Весна Дамева пред пет месеци ги поднесе до Скопското обвинителство и Управниот суд за нејзиното разрешување. Ниту обвинителите, ниту Управниот суд не се заинтересирани брзо да ги завршат предметите, иако нејзиното разрешување предизвика бура од реакции и дома, но и кај меѓународната заедница. Дамева за А1он вели дека очекува да се реши ова прашање со почитување на законски предвидените рокови.

„Во врска со поднесената тужба во Управен суд сеуште нема закажано главна расправа, а по однос на кривичната пријава, дадов изјава пред надлежениот обвинител. Очекувам од судот и ОЈО во рамките на своите надежности да донесат законити одлуки почитувајќи ги законски предвидените рокови. Се надевам дека наскоро ќе има правна разрешница на случајот. Верувам во правда и убедена сум дека во овој случај таа е на моја страна“, вели Дамева за А1он.

Од Управниот суд за А1он велат дека судење ќе има за брзо време, но кога, се уште нема информација.

„Судење треба да има во блиска иднина“, вели за А1он претседателот на Управен суд Бурим Сејдини.

Овие одлуки на Управниот суд и скопското обвинителство пет месеци да не се преземаат активности за кривичната пријава и тужбата доаѓаат во време кога Судскиот совет е под надзор на оценска мисија од Европската унија, која пак следуваше по разрешувањето на Дамева, но и откако поради разрешувањето, Холандија стави во мирување голем проект за зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспрарентноста на Судскиот совет кој старувал во 2020 година, а требаше да заврши во 2024 година.

Ако пак се развлече судењето до завршување на мандатот на овој состав на Судскиот совет, по автоматизам би значело и дека нема предмет, затоа што одлучувањето на Управниот суд би било „пост фестум“ и нема да има за што да се одлучува.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд