Хамас распоредува специјални сили: Следува најразорниот напад

Од:

Хамас распоредува 1.000 припадници на специјалните единици за напад на Израел, изјави денеска извор близок до групата.

Како што наведе, Хамас се подготвува да го изврши најразорниот напад врз Израел во последните децении.

Според Ројтерс, видеа од дел од операциите или детали за обуката на тие единици се објавени од Хамас и неговото вооружено крило Бригадите Из ал-Дин ал-Касам, како и некои сведоци.

Според тие извори, вежбите вклучувале изградба на лажна израелска населба за вежбање воено слетување и обука за напад.

Заедничката канцеларија на палестинските движења на отпорот, предводена од воените крила на Хамас и Исламски Џихад, објави на 28 декември 2022 година, на својот канал Телеграм, фотографии кои покажуваат, како што рече, обука за „напад зад непријателските линии, како и за фаќање израелски војници“.

Извор близок до Хамас рече дека борците на групата тренираат во Газа од последниот конфликт во 2021 година, повремено спроведувајќи вежби на јавно место. Портпаролот на израелската армија изјави дека израелските војници се борат против вооружените милитанти на Хамас на неколку точки околу Газа, повеќе од 48 часа по нападот во раните утрински часови во саботата.

Конфликтот започна кога Хамас истрела 3.000 ракети, според организацијата, додека израелската војска соопшти дека имало 2.500 проектили, кои имале за цел да им овозможат на борците на Хамас да ја пробијат утврдената ограда околу Газа и да извршат операции внатре во Израел.

После тоа, палестинските борци на моторизирани параглајдери ја прелетаа границата и го обезбедија теренот за главниот копнен напад. Израелската армија возврати и изврши голем напад врз центрите на Хамас во Газа, јави денеска Би-Би-Си.

Хамас, во меѓувреме, продолжи со масовните ракетни напади врз Израел од Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како Израел ги претвори пејџерите во модерен тројански коњ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Блискиот исток е пред најголемата војна во последните 50 години“

Катерина Ѓуровски

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа