Листата на производи кои добија повластена ДДВ стапка од 10% наместо 5%, се производи кои Владата ги смета за луксузни и за неосновни во најголемиот дел на домаќинствата, а дел од нив не се ниту здрави, тврди премиерот Димитар Ковачевски.
За Владата нема зголемување на ДДВ затоа што Македонија е земја со најниска стапка на овој данок во регионот со 18%, туку има само одредување на повластени и пониски стапки на ДДВ.
– Кај листата со повластена стапка, ние имаме најголема стапка од 1600 производи со 5% ДДВ. Има одреден број на производи кои се на повластена стапка од 10%. Тие се производи што се сметаат за луксузни и за неосновни во најголемиот дел од домаќинствата, а дел од нив и не толку здрави за населението, како чипсот за кој секој лекар ќе ви каже дека не е добро да биде дел од секојдневната исхрана, се наоѓаат на листата производи со повластрна стапка – рече Ковачевски и додаде дека листата е едно фер и добро решение кое покажува намалување на трошоците за живот.