Министерството за здравство на Газа ги објави најновите информации за жртвите на израелските одмазднички напади во Појасот.
Како што наведоа, досега се убиени 493 Палестинци, додека 2.751 се повредени.
Израел го гранатираше Појасот Газа во текот на ноќта, а воздухопловните сили соопштија дека надгледувале повеќе од 800 напади само во изминатите 20 часа.
Во нападите на Газа беа урнати некои згради, а имаше и пожари.