Официјално: Израел прогласи војна

Од:

Безбедносниот кабинет на Израел изгласа дека земјата официјално е во воена состојба и може да спроведе „значајни воени активности“.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера веќе изјави дека земјата е во војна откако терористите на Хамас се инфилтрираа во јужен Израел, убивајќи стотици Израелци.

Одлуката на Кабинетот за висока безбедност на декларацијата и дава правен статус во согласност со Основниот закон бидејќи во членот 40 стои дека земјата не може да војува без одлука на владата.

Прес-службата на армијата соопшти дека низ целата република биле истрелани повеќе од три илјади проектили. Покрај тоа, борците на Хамас, по масовните ракетни напади, навлегоа во пограничните области на југот на Израел. Според последните податоци, загинале повеќе од 300 израелски цивили, а повредени се 1.864 лица.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел