Египетски полицаец отвори оган врз израелски туристи во медитеранскиот град Александрија, при што загинаа најмалку двајца Израелци и еден Египќанец.
🔴 SON DAKİKA
📌Mısır'ın İskenderiye kentinde İsrailli turistlere ateş açıldı. İlk belirlemelere göre 7 İsrailli hayatını kaybettti.📌 Mısır yerel Televizyonları ateş açan kişinin bir polis değil ordu mensubu olduğunu söylüyor.#Egypt #iskenderiye #Mısır #Filistin #Hamas pic.twitter.com/M4MiCDyTy2
— Darka Mazi Turkish (@DarkaMaziTurkce) October 8, 2023
Телевизискиот канал „Екстра њуз“, кој има блиски врски со египетските безбедносни агенции, цитираше неидентификуван безбедносен функционер кој рекол дека уште едно лице е рането во нападот што се случил на местото на Столбот на Помпеј во Александрија, пренесува АП.
Се наведува дека осомничениот напаѓач е приведен.
Безбедносните сили брзо го опколија местото на нападот.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледаат две лица кои лежат неподвижни на земја во нешто што изгледа како туристичко место.
„Вала њуз“ наведува дека еден Израелец е убиен, а еден ранет.
Two Israeli tourists were killed by an Egyptian policeman in Alexandria, Egypt. Egypt Media. #Hamas #Israel #GazaUnderAttack #Palestine #طوفان_الأقصى #Egypt pic.twitter.com/nk317PH6oV
— Iffat Tahira (@IffatTahir44327) October 8, 2023
Според „Хадија њуз“ загинале најмалку шест Израелци, а „Дарка мази турски“ наведува дека седуммина од нив се убиени.
Според RT Arabic, безбедносен извор изјавил дека полицаец пукал со своето оружје кон израелска туристичка група во областа Амуд Ал-Савари во градот.
Нападот се случи еден ден по почетокот на големиот конфликт меѓу Хамас и Израел во кој беа убиени стотици.