Шест затвореници беа убиени во немири во затвор во Гвајакил, во југозападен Еквадор, каде што повеќе од 430 загинаа во насилство во затвор од 2021 година, објавија властите. „Во инцидент што избувна во еден од деловите на затворот Гуајас 1, шест лица загинаа“, соопшти затворската управа (СНАИ).
Обвинителството додаде дека „се спроведуваат безбедносни протоколи“ поради немирите што избувнаа вчера попладне. „Специјализиран воен персонал во наредните часови ќе изврши првични упади и извидување во округот 7, каде што наводно започнале инцидентите, со цел да се преземе контрола врз ситуацијата“, додаваат од обвинителството.
Гуајас 1 е еден од петте затвори што го сочинуваат големиот затворски комплекс во Гвајакил. Често има конфликти меѓу затворениците поврзани со трговијата со дрога кои сакаат на овој начин да дојдат до власт.